Eyca.mk

Добредојдовте!

Европска младинска картичка

Европската младинска картичка е многу повеќе од картичка – претставува влезница за млади во светот на информации, мобилност, култура и трендови. Преку мрежа на услуги, попусти и други бенефиции, Европската младинска картичка ги поттикнува младите до 30 годишна возраст, да го истражуваат општеството во кое живеат, бидат информирани за она што се случува во него и да активно, полноправно учествуваат во неговата изградба.

Што е потребно да се регистрираш?
  • Да си на возраст меѓу 14 и 30 години
  • Една фотографија во електронски формат како за личен документ
  • Личен документ на увид (лична карта, пасош, здравствена легитимација - за малолетни)
  • 499 денари за членарина која важи една година од денот на зачленување, под услов да во тој период не полниш 30 години (во спротивно картичката важи до денот пред твојот 30-ти роденден)

Што добиваш со EYCA картичката?
  • Многубројни попусти низ Македонија и ширум Европа
  • Учество во програми за волонтирање, размена, обука
  • Пристап до едукативни програми
  • Можности за полесно вработување
  • Патувања, награди, грантови
  • EUROPEAN YOUTH PORTAL – пристап до информациите за млади на европско ниво!
  • EURODESK – пристап до европскиот online часопис за млади!

EYCA